ПОЛОВА ЕДУКАЦИЈА НА ЛИЦАТА СО ИНВАЛИДНОСТ

Journal Title: Journal of Special Education and Rehabilitation - Year 2009, Vol 10, Issue 1

Abstract

Сите деца имаат потреба да стекнат знаења за своето тело и начинот на кој тоа функционира. Исто така неопходно е да ги запознаат правилата на општеството во кое живеат, да разберат што е прифатливо, а што неприфатливо однесување. Тргнувајќи од претходните искуства претпоставивме дека во недоволна мера и на недоволно соодветен начин се остварува половата едукација меѓу лицата со инвалидност во рамките на воспитно образовните институции и семејствата во Република Македонија. Па во согласност со тоа основната задача на трудот беше преку користење на методите на структурална, дескриптивна и компаративна анализа, а анкетни листови како инструмент, да се даде детална претстава за фактичката состојба. Од анализата на 314 испитаници, вклучувајќи ги и контролната група, дефектолозите и родителите, утврдивме дека испитаниците со инвалидност своите знаења за половиот развој, карактеристики и полови односи ги стекнуваат најмногу преку медиумите и разговор со своите врсници. Добиените резултати посочуваат на фактот дека знаењата кои лицата со инвалидност ги поседуваат во однос на оваа тематика се површни и многу често недообјаснети, поради што доаѓа до недоразбирање меѓу лицата со инвалидност.

Authors and Affiliations

Olivera Rashikj, Vladimir Trajkovski

Keywords

Related Articles

ИСПИТУВАЊЕ НА ЕДУКАТИВНИТЕ СПОСОБНОСТИ КАЈ ПРВАЧИЊАТА СО ЛЕСНА ПСИХИЧКА ПОПРЕЧЕНОСТ ОД ПОСЕБНИТЕ ОСНОВНИ УЧИЛИШТА

Едукативниот процес за децата со лесна психичка попреченост во посебните основни училишта во Р. Македонија се реализира според посебни наставни програми за ученици со пречки во психичкиот развој, изготвени од страна на Б...

ХИПЕРЛЕКСИЈА И ДИСЛЕКСИЈА КАЈ АУТИЗМОТ: ГАЃАЊЕ НА ПОДВИЖНА ЦЕЛ

Дијагностичката историја на аутизмoт, дис­лек­­сијатa и хиперлексијатa е комплексна. Затоа што овие состојби делат меѓу себе и кон­вер­гентни и дивергентни состојби, важно е да се раз­берат овие врски, особено во случај...

Download PDF file
  • EP ID EP83452
  • DOI -
  • Views 155
  • Downloads 0

How To Cite

Olivera Rashikj, Vladimir Trajkovski (2009). ПОЛОВА ЕДУКАЦИЈА НА ЛИЦАТА СО ИНВАЛИДНОСТ. Journal of Special Education and Rehabilitation, 10(1), 7-24. https://europub.co.uk./articles/-A-83452