ПРОБЛЕМИ ВО ОДНЕСУВАЊЕТО КАЈ ДЕЦА СО ЛЕСНА И УМЕРЕНА ИНТЕЛЕКТУАЛНА ПОПРЕЧЕНОСТ

Journal Title: Journal of Special Education and Rehabilitation - Year 2009, Vol 10, Issue 1

Abstract

Голем процент на деца со интелектуална попреченост имаат проблематично и дисхармонично однесување пројавено во кругот на семејството, во училиштето и во средината во која се движат. Истражувањата на повеќето автори укажуваат дека 30 - 50% од лицата со интелектуална попреченост имаат одредени потешкотии во однесувањето. Однесувањето кај децата со лесна и умерена интелектуална попреченост е зависно од мноштво фактори кои меѓусебно се испреплетуваат: возраста на детето, степепенот на интелектуалната попреченост, нивото на психомоторна организираност, издиференцираноста на емоциите, комуникативните способности како и социо-економскиот статус, односно условите во средината (семејната, институционалната и пошироката општествена) во која живее и расте, се едуцира или рехабилитира детето. Влијанието на некои од овие фактори беше анализирано и утврдено со ова истражување. Постојат низа мерни инструменти (прашалници, скали) за евалуација на однесувањето кај лицата со интелектуална попреченост, преку кои се откриваат проблемите кои овие лица ги имаат во својот психо-социјален развој и општествен живот. Во ова истражување беа користени Скалата на адаптивно однесување на ААМД (II дел) и Скалата за процена на однесувањето на детето в училиште на авторите Бојанин, Савановиќ.

Authors and Affiliations

Vesna IVANOVIKJ

Keywords

Related Articles

РАСТРОЈСТВА ВО ОДНЕСУВАЊЕТО КАЈ АДОЛЕСЦЕНТИТЕ СО ЛЕСНА ИНТЕЛЕКТУАЛНА ПОПРЕЧЕНОСТ

Адолесцентите со интелектуална попреченост поради дефицитот во своето интелектуално функционирање се изложени на поголем ризик од појава на разни облици на растројства во однесувањето. Цел: да се утврди ризикот од појав...

ОПШТЕСТВЕНА ПРАКТИКА ЗА НАСТАВАТА ПО ЧИТАЊЕ И ПИШУВАЊЕ ВО УЧИЛИШТАТА ЗА УЧЕНИЦИ СО ИНТЕЛЕКТУАЛНА ПОПРЕЧЕНОСТ

Во Шведска, школувањето на децата со наод и мис­лење за интелектуална попреченост е ор­га­ни­зи­рано во специјални училишта наречени сар­ск­олани. Крајната цел на ова истражување е да се разгледа односот на наставниците...

COMPARISONS OF SELF-EFFICACY AND HOPE AMONG STUDENTS WITH AND WITHOUT LEARNING DISABILITIES

Learning disability is a life-long condition that can affect academic functioning, everyday life and social life. In multiple areas, academic and other, students with LD often underachieve, and often with pervasive negat...

THE IMPORTANCE OF GROUP THERAPY USED IN THE TREATMENT OF STUTTERING

Introduction: Stuttering is not a problem of individuals, but it’s a problem in the verbal communication with others. Individual and group treatment is equally important to use while working with people who stutter. Pur...

Download PDF file
  • EP ID EP160201
  • DOI -
  • Views 152
  • Downloads 0

How To Cite

Vesna IVANOVIKJ (2009). ПРОБЛЕМИ ВО ОДНЕСУВАЊЕТО КАЈ ДЕЦА СО ЛЕСНА И УМЕРЕНА ИНТЕЛЕКТУАЛНА ПОПРЕЧЕНОСТ. Journal of Special Education and Rehabilitation, 10(1), 49-62. https://europub.co.uk./articles/-A-160201