РАЗВОЈ НА ФИНАТА МОТОРИКА И ВИЗУЕЛНО-МОТОРНАТА ИНТЕГРАЦИЈА КАЈ ДЕЦАТА НА ПРЕДУЧИЛИШНА ВОЗРАСТ
Journal Title: Journal of Special Education and Rehabilitation - Year 2013, Vol 14, Issue 1
Abstract
Фините моторни вештини се предуслов за многу секојдневни активности и се добри индикатори на подоцнежните академски остварувања на детето. Целта на ова истражување е да се проценат влијанијата на возраста врз развојот на координацијата на фината моторика и визуелно-моторната интеграција кај децата на предучилишна возраст. Примерокот на ова истражување се состои од 276 предучилишни деца од Кантон Сараево, Босна и Херцеговина. Моторните вештини на децата ги проценивме со Бериевиот тест за визуелно-моторна интеграција и со Lafayette тестот со перфорирана табла. Податоците беа анализирани со еднонасочна анализа на варијанти АНОВА, проследена со планираната споредба меѓу возрасните групи. Исто така, ја употребивме и регресиската анализа за да го процениме влијанието на возраста и моторната координација над визуелно-моторната интеграција. Резултатите покажаа дека возраста има значаен ефект врз развојот на фините моторни вештини. Освен тоа, резултатите покажаа дека постои можен сензитивен период кај предучилишната возраст во којшто развојот на фината моторика е забрзан. Специјалистите за рана интервенција треба темелно да ги евалуираат фините моторни вештини кај предучилишните деца и да направат програма за моторна (ре)хабилитација за децата кај коишто се јавува ризик во поглед на задоцнувањето во развојот на фината моторика.
Authors and Affiliations
Haris MEMISEVIC , Selmir HADZIC
Preface by the editorial board
ДОМСКА ВОСПИТНО-ОБРАЗОВНА РАБОТА
СТУДИЈА НА СЛУЧАЈ НА КИНЕСКА АКУТНА СОЦИЈАЛНА ИЗОЛИРАНОСТ (HIKIKOMORIAN) ВО КАНАДА – ПОСТАВУВАЊЕ НА ТЕОРИЈА ЗА ПРОЦЕСОТ НА АКУТНА СОЦИЈАЛНА ИЗОЛАЦИЈА (HIKIKOMORI)
Терминот акутна социјална изолираност (или hikikomori) потекнува од Јапонија и значи социјална повлеченост. Ова истражување има за цел да ги испита причинителите на hikikomori, што е во пораст ширум светот. Методол...
СИМПОЗИУМ: РАНА ИНТЕРВЕНЦИЈА И РАЗВОЈНИ НАРУШУВАЊА
СЕНЗИТИВНА КОМУНИКАЦИЈА И ИНТЕРАКЦИЈА СО ДЕЦА СО ПОСЕБНИ ОБРАЗОВНИ ПОТРЕБИ НИЗ ПРИНЦИПИТЕ НА ICDP ПРОГРАМАТА