РИЗИК-ФАКТОРИ НА НАСИЛНО ОДНЕСУВАЊЕ ПОМЕЃУ УЧЕНИЦИТЕ ОД ОСНОВНОТО И СРЕДНОТО ОБРАЗОВАНИЕ
Journal Title: Journal of Special Education and Rehabilitation - Year 2012, Vol 13, Issue 3
Abstract
Основната цел на ова истражување беше да се одредат ризик-факторите кои може да послужат како прецизни индикатори на насилно однесување кај учениците од основното и средното образование. Истражувањето беше спроведено врз примерок од 1209 ученици, помеѓу тринаесет и седумнаесетгодишна возраст, во пет региони во составот на Федерацијата на Босна и Херцеговина. Оценувањето на ризик-факторите беше извршено со помош на СОРНМ (структурирано оценување на ризикот од насилство кај младите), алатка користена за мерење на нивоата на ризик-факторите, по што, собраните податоци беа обработени преку регресивна анализа со помош на SPSS 12.0, пакетот за статистичка обработка на податоците. Резултатите покажаа дека појавата на насилно однесување, академските достигнувања, неспособноста за концентрација, алкохолизмот, историјата на домашното насилство, како и родителската разделба, се главните показатели за насилно однесување кај гореспоменатите ученици. Овие резултати формираат цврста основа за идно планирање на третмани и активности со цел да се спречи такво однесување.
Authors and Affiliations
Ranko KOVAČEVIĆ, Edin MUFTIĆ, Meliha BIJEDIĆ, Hariz ŠARIĆ
Preface by Editorial Board
EXECUTIVE FUNCTIONS EVALUATION PERFORMED BY EVENT RELATED POTENTIALS INCHILDREN WITH OBSESSIVE-COMPULSIVE DISORDER
Introduction: Obsessive-compulsive disorder [OCD] is characterized by repetitive, disturbing obsessions and/or compulsions. Obsessions are thoughts, images or feelings which are unwanted, persistent and recurrent. Compul...
КРИМИНАЛИТЕТ КАЈ МАЛОЛЕТНИТЕ ЛИЦА СО ИНТЕЛЕКТУАЛЕН ДЕФИЦИТ
Целта на овој труд е да се прикаже учеството и структурата на рецидивизмот кај малолетните лица со интелектуален дефицит во вкупната маса на малолетничкиот криминалитет во Македонија од пенолошки аспект. Во истражувањет...
INSTRUCTIONS FOR THE AUTHORS
ACKNOWLEDGING THE WORLD DAY OF AUTISM – APRIL THE 2ND SKOPJE, REPUBLIC OF MACEDONIA