СЕНЗИТИВНА КОМУНИКАЦИЈА СО ДЕЦА СО УМЕРЕНА ИНТЕЛЕКТУАЛНА ПОПРЕЧЕНОСТ ПРЕКУ ЕМОТИВНО-ЕКСПРЕСИВНИТЕ ПРИНЦИПИ НА ICDP ПРОГРАМАТА

Journal Title: Journal of Special Education and Rehabilitation - Year 2011, Vol 12, Issue 3

Abstract

Во работата со учениците со посебни об­ра­зо­вни потреби с¡ повеќе се истакнува пот­ре­ба­та од сензитивност во комуникацијата со нив. Размената на емоции помеѓу детето и де­фектологот, како и начинот на кој де­фек­то­ло­гот одговара на истите се клучни за по­натамошниот развој на емоциите кај де­те­то. Токму затоа, целта на нашето ис­тра­жу­ва­ње беше да ја утврдиме потребата од при­ме­на на посензитивна комуникација во ра­бо­та­та со учениците со умерена интелектуална по­преченост, следејќи ги емотивно-екс­пре­сив­ните принципи на ICDP програмата. Со­глас­но со поставената цел, предмет на ова ис­тражување беше да добиеме сознанија за ни­вото на сензитивното комуницирање во на­шиот посебен образовен систем, преку са­мо­процена на дефектолозите, како и процена од страна на родителите и учениците со уме­ре­на интелектуална попреченост. При­ме­ро­кот беше составен од три групи: де­фек­то­ло­зи, родители и ученици со умерена ин­те­лек­туал­на попреченост. Секоја група беше сос­та­вена од дваесет испитаници, со вкупен број 60. Статистичката обработка на по­да­то­ци­те одистражувањето се изврши та­бе­лар­но, гра­фич­ки и со одредување на RxCегзактни табели на контингенција. Резултатите од ова ис­тра­жување покажаа силна статистички зна­чај­на разлика во одговорите на трите гру­пи ис­пи­таници. Спо­ред тоа, нашиот главен заклучок ука­жу­ва дека учениците со умерена интелектуална по­­пре­ченост чувствуваат потреба од по-го­ле­ма сен­зитивност во комуникацијата и ин­те­рак­ци­јата со дефектолозите, во текот на ре­али­за­ци­јата на воспитно-образовните ак­тив­ности во нашиот посебен образовен сис­тем.

Authors and Affiliations

Nergis RAMO AKGJUN, Risto PETROV

Keywords

Related Articles

SELFEVALUATION OF COMPETENCES OF THE SPECIAL EDUCATORS<br /> AND REHABILITATORS IN THE SPECIAL INSTITUTION

The primary goal of this empirical research was to determinate how much has current education helped special educators and rehabilitators in forming separate competences, and if those competencies correspond to the desir...

Download PDF file
  • EP ID EP140388
  • DOI 10.2478/v10215-011-0009-3
  • Views 126
  • Downloads 0

How To Cite

Nergis RAMO AKGJUN, Risto PETROV (2011). СЕНЗИТИВНА КОМУНИКАЦИЈА СО ДЕЦА СО УМЕРЕНА ИНТЕЛЕКТУАЛНА ПОПРЕЧЕНОСТ ПРЕКУ ЕМОТИВНО-ЕКСПРЕСИВНИТЕ ПРИНЦИПИ НА ICDP ПРОГРАМАТА. Journal of Special Education and Rehabilitation, 12(3), 25-32. https://europub.co.uk./articles/-A-140388