СТАРЕЕЊЕ НА ВОЗРАСНИТЕ СО ИНТЕЛЕКТУАЛНА ПОПРЕЧЕНОСТ: ПЕРСПЕКТИВИ НА ПРОЈАВЕНИТЕ СЕРВИСНИ ГРИЖИ
Journal Title: Journal of Special Education and Rehabilitation - Year 2010, Vol 11, Issue 1
Abstract
Со подобрување на општата здравствена состојба многу возрасни лица со интелектуална попреченост доживуваат постари години, како и останатите возрасни. Светската здравствена организација ги препозна потребите на оваа постара популација и ги идентификуваше предизвиците кои ги постави за владините министри и невладините организации задолжени за планирање, адвокатура, финансирање и сервисите носители на специјална животна грижа и рехабилитациони програми. Овие предизвици вклучуваат низа на прашања, кои нормално се однесуваат на постарите возрасни, како што се пензионирање и финансиска сигурност, промени во животниот стил поврзани со пензионирањето и адаптацијата на животната организираност и домот, модификации на дневните активности и општествената инклузија, промена на сензорните и физичките способности и поголемите потреби за поддршка за старите семејства и другите негуватели. Како што постарите возрасни со интелектуална попреченост можат да бидат афецирани со подоцните или старосните состојби и да започнат да искусуваат секундарни ограничувања, овие предизвици можат да бидат повпечатливи кога се идентификувани од невладини организации во државите со развој на пазарна економија. Во таа насока, должноста за промовирање на здраво стареење ќе се постигне со националните ентитети, кои се одговорни за препознавање на луѓето со инвалидност од раѓањето и детството, и спроведување на доживотна поддршка за адолесцентите, возрасните и семејствата. Идеално, ако ваквите мерки се преземат рано ќе водат до активности кои можат да се спроведат за да се промовира подобро здравје како што луѓето со ментална ретардација ќе стареат и да се осигураат дека подоцнежниот дел од нивниот живот ќе го искусат како „квалитетни животни години“.
Authors and Affiliations
Matthew JANICKI
THE QUALITY OF RELATIONSHIP BETWEEN SIBLINGS IN FAMILIES WITH AN AUTISTIC CHILD
ДИЈАГНОЗА И ТЕРАПИЈА НА МОТОРНОТО НАРУШУВАЊЕ КАЈ ДЕЦАТА СО АУТИЗАМ
Трудот открива невообичаено испитувани аспекти кои се однесуваат на специфичниот моторен развој кај децата со аутистичен спектар на нарушувања и проблемите поврзани со нивната дијагноза и терапија. Опишана е...
EDUCATIONAL WORK IN BOARDING SCHOOLS
SEXUAL DEVELOPMENT, EDUCATION AND SEXUAL ABUSE OF PERSONS WITH DISABILITIES IN THE REPUBLIC OF MACEDONIA
ПСИХОСОЦИЈАЛНОТО ВЛИЈАНИЕ НА ОШТЕТУВАЊЕТО НА СЛУХОТ ВРЗ ИНТЕРПЕРСОНАЛНИТЕ ОДНОСИ НА МЛАДИТЕ СО ОШТЕТЕН СЛУХ ВО ДРЖАВАТА ОЈО, НИГЕРИЈА