СТАВОВИ И РАЗМИСЛУВАЊА НА РАБОТОДАВАЧИТЕ, ВРАБОТЕНИТЕ ЛИЦА И РОДИТЕЛИТЕ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА ЛИЦАТА СО АУТИЗАМ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Journal Title: Journal of Special Education and Rehabilitation - Year 2010, Vol 11, Issue 3

Abstract

Правото на работа во сите развиени земји во светот претставува едно од основните права на човекот. Вработувањето, односно правото на работа на лицата со инвалидност е последна фаза од долгиот и сложен процес на нивната рехабилитација, кое делува и на можноста за нивно интегрирање во локалната заедница. Основната цел на ова истражување е да се испита можноста за вработување на лицата со аутизам, врз основа на ставовите и мислењата на работодавачите, вработените лица и родителите на децата со аутизам. Основни задачи, во чија насока го спроведувавме истражувањето, се следниве: да се утврди дали работодавачите би вработиле лице со аутизам, дали работодавачите и нивните вработени знаат што е тоа аутизам, дали, според работодавачите и вработените, лицата со аутизам можат во целост да ги извршуваат своите работни задолженија и дали родителите би сакале нивното дете да стапи во работен однос. Истражувањето го спроведовме во период од 3 месеци и опфативме 130 испитаници. Добиените податоци беа собрани, групирани, табелирани и обработени во програмот Microsoft Office Excel 2003, применувајќи χ² тест и Fisher-ов Exact тест, а како сигнификантни беа земени разликите на ниво на значајност од р< 0.05. Од анализата на резултатите, што ги добивме од истражувањето, утврдивме дека во Р. Македонија не постои позитивна клима за вработување на лицата со аутизам, односно дека работодавачите не би вработиле лице со аутизам. Стручните кадри мора поажурно да се ангажираат за оваа проблематика, како би се постигнала целосна интеграција на лицата со аутизам во општеството.

Authors and Affiliations

Tanja STANKOVA, Vladimir Trajkovski

Keywords

Related Articles

ADHD AND LONELINESS SOCIAL DISSATISFACTION IN INCLUSIVE SCHOOL FROM AN INDIVIDUAL-CONTEXT PARADIGM

ADHD children can experience severe relational problems with peers, and individual treatments are not likely to eradicate peer problems. The school is the main arena in which peer difficulties develop and can be faced....

PARENTS OF CHILDREN WITH DEVELOPMENTAL DISABILITIES: STRESS AND SUPPORT

Parents’ reactions, in the moment when they find out that their child is with developmental disabilities, are absolutely individual. A lot of parents need months, while some of them need years to face the fact that the...

SELF-REGULATION STRATEGIES OF ORAL COMMUNICATION IN CHILDREN WITH HEARING IMPAIRMENT

The study identifies some self-regulation strategies used by deaf children in order to make their speech more intelligible. To achieve self-control while speaking, the child with severe hearing loss needs not only a high...

Download PDF file
  • EP ID EP113685
  • DOI -
  • Views 123
  • Downloads 0

How To Cite

Tanja STANKOVA, Vladimir Trajkovski (2010). СТАВОВИ И РАЗМИСЛУВАЊА НА РАБОТОДАВАЧИТЕ, ВРАБОТЕНИТЕ ЛИЦА И РОДИТЕЛИТЕ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА ЛИЦАТА СО АУТИЗАМ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА. Journal of Special Education and Rehabilitation, 11(3), 16-30. https://europub.co.uk./articles/-A-113685