ШТО ЗНАЕМЕ ЗА „НАРУШУВАЊАТА ВО ПРИВРЗУВАЊЕТО“?

Journal Title: Journal of Special Education and Rehabilitation - Year 2013, Vol 14, Issue 3

Abstract

Современата носологија опишува реактивно на­ру­шување во приврзувањето претставено од два различни видaнарушувања: реактивно на­ру­шу­вањена приврзувањето, што се ка­рак­те­ри­зи­ра со значително воздржано и емо­цио­нал­но повлечено однесување кон возрасните ста­ра­тели, минимално барање поддршка или ми­ни­мално реагирање на поддршката во време на вознемиреност, иневоздржано нарушување на социјалното вклучувањешто е претставено со неселективно социјално однесувањекое не е во рамките на конвенционалнатакултура и ги поминува социјалните граници во при­сус­тво на непознати возрасни лица. И двете на­ру­шу­ва­ња, без оглед на нивните различни фе­но­ти­пи, се предизвикани од патогената средина на растење, повторливи промени на облиците за приврзување, социјално запоставување и ли­шу­вање во првите години од животот. Оваа студија ги испитува современите ди­јаг­нос­тички критериуми наведени во ли­те­ра­ту­ра­та што ги споредува дијагностичките кла­си­фи­ка­ци­и и се обидува да ја разбере етиологијата на нарушувањето. Постојат нерешени пра­ша­ња во современата носологија, што значи дека ква­ли­тетот на доказите што ги подржуваат ди­јаг­ностичките критериуми треба да се по­доб­ри. Овој труд заклучува дека, и покрај дос­тап­ни­те современи дијагностички класификации, тре­ба да се направат понатамошни лон­ги­ту­дал­ни студии за да се разбере еволуцијата на реактивното нарушување на приврзувањето и да се одделат неговите карактеристики од останатите психопатологии.

Authors and Affiliations

Patrizia VELOTTI, Simona DI FOLCO, Giulio CESARE ZAVATTINI

Keywords

Related Articles

ДЕТЕ СО КОХЛЕАРЕН ИМПЛАНТАНТ ВО РАМКИТЕ НА ИНКЛУЗИВНАТА УЧИЛНИЦА - ПРИКАЗ НА СЛУЧАЈ

Магистерскиот труд е презентиран на 167 страници. Трудот ги содржи следниве делови: вовед, теоретски пристап кон проблемот на истражување, методологија на истражување, анализа и интерпретација на резултатите, заклучни со...

RISK FACTORS AND EARLY DEVELOPMENT OF CHILDREN BORN WITH AN ASSISTED FERTILIZATION

The aim of this paper is to present a systematic literature review of the researches conducted in the area of risk factors and difficulties in the early development of children born after assisted conception, to systemat...

Download PDF file
  • EP ID EP109976
  • DOI -
  • Views 123
  • Downloads 0

How To Cite

Patrizia VELOTTI, Simona DI FOLCO, Giulio CESARE ZAVATTINI (2013). ШТО ЗНАЕМЕ ЗА „НАРУШУВАЊАТА ВО ПРИВРЗУВАЊЕТО“?. Journal of Special Education and Rehabilitation, 14(3), 61-77. https://europub.co.uk./articles/-A-109976