Примена на дигитални технологии во наставата по преведување (THE APPLICATION OF DIGITAL TECHNOLOGIES IN TRANSLATION EDUCATION PROGRAMS)
Journal Title: Journal of Contemporary Philology - Year 2018, Vol 1, Issue 2
Abstract
Како резултат на дигиталните иновации, покрај професионалните квалификации што ги стекнуваат студентите со завршување на студиите, неопходно е да поседуваат и низа други вештини, особено технички вештини со цел да бидат конкурентни на пазарот на труд. Во таа насока се јавува потреба од стекнување т.н. „дигитални компетенции“, односно способност за користење дигитални технологии и во областа на преведувањето. Преведувачката индустрија доживува трансформација во која дигиталните технологии заземаат сè поголема примена, па следствено на тоа се воведуваат новитети и промени и во наставата по преведување со напуштање на конвенционалните методи во наставата и пасивно учење и се преминува кон современи методи и интерактивно учење. Предмет на истражување во овој труд се способностите на студентите за примена на дигиталните технологии во процесот на преведување, при што се анализираат и нивните ставови околу неопходноста од дигитални компетенции за преведувачите. За целите на овој труд е спроведено анкетно истражување со кое се опфатени 26 студенти на студиската насока по преведување на Катедрата за преведување и толкување при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Преку заклучоците од истражувањето се укажува на различни можности и начини за унапредување на наставата по преведување со примена на дигитални технологии и остварување дигитална комуникација, а особено се истакнува потребата од дигитализација на ресурсите за учење и на практичната настава. As a result of digital innovations, apart from professional competences acquired by the students with the completion of their studies, it is also necessary for them to develop a range of other skills, in particular technical skills in order to become more competitive on the labour market. Specifically, it is important for translators to acquire so-called digital competences or an ability to use digital technologies in the translation process. The translation industry is undergoing tremendous transformation due to the growing use of digital technologies and as a result changes are subsequently needed in translation studies offered at university level with a shift from conventional teaching methods and passive learning to contemporary teaching methods and interactive learning. The subject of research in this paperinvolves digital competences of students; namely, the paper analyses whether students use digital technologies in the translation process and the level of their awareness on the importance of digital skills for translators. For the purpose of this paper a survey is conducted among 26 students attending translation studies at Department of Translation and Interpreting within the Faculty of Philology in Skopje. The conclusions based on the results of this research indicate possibilities and methods for improvement of translator education by use of digital technologiesand digital communication, whereas special emphasis is put on the need for digitalisation of the practical classes and of the learning resources.
Authors and Affiliations
Милена Саздовска-Пигуловска
Реализација на анафорскиот субјект во македонскиот јазик (THE REALIZATION OF ANAPHORIC SUBJECTS IN MACEDONIAN)
Во овој труд ги претставуваме резултатите од истражувањето на синтаксата на анафорската референција во наративниот дискурс. Главната цел на истражувањето е да ги утврди принципите што го одредуваат реализирањето на анафо...
Spatial meanings of na and semantically related prepositions in Macedonian (ПРОСТОРНИТЕ ЗНАЧЕЊА НА ПРЕДЛОГОТ НА И БЛИСКОЗНАЧНИТЕ ПРЕДЛОЗИ ВО МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК)
The paper presents а contrastive analysis of the spatial meanings of the preposition na and its semantic counterparts in Macedonian. Reviewed here are the contexts in which na assumes similarity of meaning to another pre...
Значаен прилог за словенската фразеологија (Rječnik hrvatskih animalističkih frazema, I. Vidović Bolt, B. Barčot, Ž. Fink Arsovski, B. Kovačević, N. Pintarić, A. Vasung, Zagreb, 2017) (AN IMPORTANT CONTRIBUTION TO SLAVIC PHRASEOLOGY)
Приказ на книга
Телото и границите на телесноста во „Стаклената граница“ на Карлос Фуентес (THE BODY AND THE LIMITS OF CORPOREALITY IN THE CRYSTAL FRONTIER BY CARLOS FUENTES)
„Стаклената граница“, полифоничниот роман на Карлос Фуентес, обработува голем број теми како миграциите, класните разлики, ксенофобијата, корупцијата и деконструира серија лингвистички, социјални, културни и симболички г...
Англиските перифрастични предикати со глаголот take (ENGLISH LIGHT VERB CONSTRUCTIONS EITH THE VERB TAKE)
Предмет на oвој труд се англиските перифрастични предикати (ПП) со синсемантичкиот глагол (СГ) take. Овие конструкции се класифицираат во четири групи врз основа на семантички критериум, при што се дискутираат метафоричк...