ПСИХОМОТОРНИОТ РАЗВОЈ КАЈ НЕДОНОСЕНИТЕ ДО КРАЈОТ НА ТРЕТАТА ГОДИНА ОД ЖИВОТОТ
Journal Title: Journal of Special Education and Rehabilitation - Year 2009, Vol 10, Issue 1
Abstract
Кај недоносените психомоторниот развој има свои карактеристики но и можност од зголеменa тенденција за појава на невроразвојни проблеми, односно одреден процент од лицата со пречки во развојот корелира со оваа категорија на деца. Многу фактори се поврзуваат со можноста за невроразвојни проблеми кај недоносените. Повеќе истражувања покажуваат дека родилната тежина и гестациската старост корелира со невроразвојниот исход. Ние извршивме тестирање на наша популација, кај 20 недоносени со многу ниска родилна тежина. Истражувањето беше лонгитудинално, од 4-от до 36-от месец корегирана гестациска возраст. Се спроведе тестирање и следење на психомоторниот развој со цел утврдување на генералните развојни постигнувања и развојните постигнувања во одделни развојни области во раниот развоен период, односно првите три години од животот. Од целокупното лонгитудинално следење може да се заклучи дека најголема разлика во развојните области помеѓу недоносените со многу ниска родилна тежина и контролната група имаме на крајот од 36-от месец и дека постојат значајно пониски генерални развојни постигнувања (ГРК) кај групата на недоносени во текот на целокупното следење, со исклучок на крајот од 4-от месец во однос на одделни развојни области. Утврдивме и дека 20% од недоносените со многу ниска родилна тежина имаат пречки во развојот, како и тешки пречки во моторниот развој.
Authors and Affiliations
Valentina DUKOVSKA, Zhivko JUZEVSKI
ДЕИНСТИТУЦИОНАЛИЗАЦИЈА НА ПСИХИЈАТРИСКИТЕ ПАЦИЕНТИ ПРЕКУ ПСИХО-СОЦИЈАЛНА РЕХАБИЛИТАЦИЈА
Започнувајќи од внимателни историски истражувања на деинституционализацијата на психијатриските болници во Европа, презентираниот труд своето внимание го фокусира на италијанската територија, подетално на законот бр. 180...
ПРИМЕНА НА МЕТОДИ ЗА УЧEЊЕ ПОМОГНАТО ОД СОУЧЕНИЦИ ВО УЧИЛИШНИОТ СЕКТОР ЗА ПОСЕБНО ОБРАЗОВАНИЕ ВО НОВ ЗЕЛАНД
Поради намалувањето на финансиското трошење во јавниот сектор, кое се пренесе и на учениците со посебни потреби, секторот за ран развој на децата и јавниот училишен систем во Нов Зеланд се под голем финансиски пр...
СТАВОВИ, МИСЛЕЊА И ИСКУСТВА ВО ОДНОС НА ТРЕТМАНОТ НА ЛИЦАТА СО АУТИЗАМ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
„НАЈДОБРИТЕ ПРАКТИКИ ОД МЕДИЦИНАТА ВО ОДНОС НА ИНТЕЛЕКТУАЛНАТА ПОПРЕЧЕНОСТ“ – ОДРЖАН КОНГРЕС ВО БРИСТОЛ
ДЕТЕ СО КОХЛЕАРЕН ИМПЛАНТАНТ ВО РАМКИТЕ НА ИНКЛУЗИВНАТА УЧИЛНИЦА - ПРИКАЗ НА СЛУЧАЈ
Магистерскиот труд е презентиран на 167 страници. Трудот ги содржи следниве делови: вовед, теоретски пристап кон проблемот на истражување, методологија на истражување, анализа и интерпретација на резултатите, заклучни со...